Поддржани 11 проекти од културата во општина Виница

Од:

Вкупно 11 проекти во општина Виница ќе бидат финансирани од буџетот на Министерството за култура во 2017 година, што е повеќе од претходната година.

Одобрени се по четири проекти на Домот на културата „Тошо Арсов“ и Музејот „Теракота“, а Фолклорниот ансамбл „Китка“ доби три проекти.

– Во областа на културата, Министерството и годинава ќе ги поддржи работата на мандолинскиот камерен квинтет за класична музика, како и Фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас“ , работата на Ансамблот за староградски песни “Серенада“ и концертот на Националниот фолклорен ансамбл „Танец“, изјави Славко Данев, директор на Домот на културата во Виница.

Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Истибања ќе биде делумно финансиран за оддржувањето на Меѓународниорт фолклорен Фестивал „Истибањско Здравоживо“, а ќе биде поддржано и меѓународното гостување на фолклористите. Годинава, по првпат одобрен е и проект за обновување на народните носии.

Министерството за култура ќе финансира и четири проекти во археологијата, од кои како најзначаен е проектот за „Расчистување и покривање на објектот – цистерна во Виничко Кале“, Музејската ноќ-2017, Конзервација на материјал од археолошкиот локалитет „Коколов Рид“ Виница, како и изработка на посебен проект од областа на заштитата на движното културно наследство и негова реализација.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски