Почнуваат годинaшните „Приличеви беседи“

Од:

Во Охрид започнуваат тридневните свечености во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се одбележува годишнината од смртта на Григор Прличев, а истовремено се чествува ликот и делото на најпознатиот охридски поет и преродбеник.

Активностите во рамките на манифестацијата почнуваат утре на пладне со промоцијата на поемата „Екот на вековите“ на авторот Мирко Томовски, за чие најново дело ќе зборуваат Тоде Илиевски и Зоран Јакимоски.

„Приличевите беседи“ продолжуваат в недела со ликовна изложба на македонски автори, што ќе претходи на главната свеченост од 13 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, на која ќе биде претставена наградената поема за 2016 година – „Македонски стар и нов завет“ на лауреатот Зоран Пејковски.

Традиционалната манифестација „Охридска визита“ ќе се одржи на 6 февруари, кога во рамки на „Прличевите беседи“ уште ќе биде одржан и книжевен портрет на Јовица Тасевски – Етернијан“, како и промоција на адаптираното издание на прличевата „Автобиографија“ на Славе Ѓорѓо Димоски.

В понеделник ќе се одржи и панихида на гробот на Прличев, ќе биде поставен ловоров венец пред неговиот споменик во центарот на Охрид, како и повеќе пригодни приредби на културно-образовните институции од Охрид што го носат неговото име.

Манифестацијата „Пличеви беседи“ е востановена пред речиси шест децении, како одбележување на годишнината од смртта на големиот поет кој почина на 4 февруари пред 124 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“. „Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска