Почнува тридневниот фестивал „Етноплоштад“ во Берово

Од:

Поп-изведувачи и фолклорни ансамбли од земјава и од странство ќе учествуваат на шестиот фестивал „Етноплоштад“  во Берово кој ќе почне денеска и ќе трае до 30 август.

На двете сцени на фестивалот најавени се настапи на Андријана Јаневска и Митан проект, Љубојна Брас фантази, Сашо Гигов-Гиш, Чалгија блуз, Монистра, Уска Кан, како и многу фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и од Бугарија.

По официјалната програма на Фестивалот, забавата ќе продолжи со концертите на Тони Зен, Кристина Арнаудова, Влатко Илиевски, Дрти сајд, Ептен, Штекица…

Организатор е општина Берово која соопшти дека е подготвена за исклучителното фестивалско доживување за сите вљубеници на етномузиката.

Покрај концертна програма, во рамките на фестивалот се одржува и традиционалниот саем „Малешевијата на дланка“. Шаренилото од бои и богатството на производи на многубројните штандови му дава посебен дух на целиот плоштад кој годинава ќе биде збогатен со двете сцени – традиционален фолклор и „етнофјужн“.

На саемот ќе бидат изложени ракотворби, сувенири, резби, волнени производи, традиционална облека, ткаенини.. На штандовите доминираат медот и млечните производи, познатото беровско сирење, еколошки сокови, оцет, џемови, подготвени по традиционални рецепти, од природни суровини.

Фестивалот е поддржан во Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес на Министерството за култура.

– Во изминатиот период фестивалот стана препознатлив по високите културни вредности што ги презентира и досега на него настапија речиси сите наши изведувачи кои со своето творештво оставија печат користејќи ја нашата традиционална музика, како и етаблирани уметници од Бразил, Америка, Франција, Словенија, Полска, Романија, Бугарија, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски