Почнува петтиот „Македокс“

Од:

Под мотото „Природно“ денеска во Куршумли Aн и Младинскиот културен центар (МКЦ) почнува петтото издание на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“.
Фестивалот, кој ќе трае до 20 јуни, ќе биде отворен со филмот „Револт“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Откачи“. Главната програма ќе почнува во 21 часот во Куршумли Ан, а вечерните проекции во МКЦ се во 19 часот, додека во 12 часот ќе има пладневни проекции кои се новина од годинава.

Директорката на „Македокс“, Киријана А. Николоска на прес-конференција најави дека покрај стандардните термини за разговор со гостите „Под смоквата“, новина во програмата е „Утринско доку-кафе“ во МКЦ, замислено како серија класови на режисерите, чии филмови ќе бидат дел од филмската програма, секој ден од 10:30 до 12 часот.

– Со петтото издание на „Македокс“ ќе се обидеме да се сетиме, потсетиме и осетиме што значи „Природно“. Ги задржавме старите програмски целини и истиот број проекции, а ја проширивме дополнителната програма. Годинава има околу 380 пријавени филмови од 64 земји во светот, што зборува за поставеноста на фестивалот на светската документарна мапа, рече Николоска.

Во рамки на фестивалот се предвидени две работилници, „Креативна употреба на архивски материјали во документарните филмови“, што ќе ја водат Ноеми Скори од Израел и Мира Турајлиќ од Србија и „Филмска продукција“, предводена од Катриел Скори од Израел.

На фестивалот ќе гостуваат автори од Балканот, Шпанија, Израел, Германија,…
Патувачкото кино на „Македокс“ ќе се одржи во август во осум села во Демирхисарско.

Би можело да ве интересира

Почна фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

Видеохроникa од патувачкото кино во Преспа

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

13-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“

„Македокс“ – отворен повик за волонтери

„Македокс“ објави повик за продуценти/автори на документарни филмови за форумот МакеКоПроДокс

Жарко Настоски