Почнува Меѓународниот театарски фестивал МНТ-Фест

Од:

Со изведба на претставата „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ на театарот „Софија“ од Софија, во режија на Лилија Абаџиева, вечер ќе биде отворено второто издание на Меѓународниот театарски фестивал МНТ-Фест.

На МНТ-Фест, кој ќе трае до 3 јули, ќе настапат националните театри од повеќе земји од регионот и пошироко, а ќе има и работилници, изложби и предавања…Кон крајот на МНТ-Фест на почетокот на јули, премиерно ќе биде изведен мјузиклот „Чикаго“, прв лиценциран мјузикл во Македонија, правен по комплетна лиценца по сите правила и прописи на Бродвеј.

Во рамки на МНТ-Фест на 2 јуни Националниот театар од Будимпешта ќе настапи со претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Давид Доиашвили, на 5 јуни Народно позориште Белград ќе настапи со претставата „Бело кафе“ од Александар Поповиќ, во режија на Милан Нешковиќ, на 6 јуни преку Фестивал ФИАТ од Подгорица гостува претставата „Три сестри“ од Антон Павлович, а во адаптација и режија на Ана Вукотиќ и Слободан Милатовиќ, а на 8 јуни Турскиот државен театар од Истанбул ќе настапи во претставата „Кога ова би било филм“ од авторот Алмир Имширевиќ, а во режија на Билге Емин.

На 20 јуни ќе има една многу интересна копродукција меѓу Националниот театар од Модена и Националниот театар од Тбилиси, Грузија, а тоа е претставата „Дневникот на еден лудак“ од Николај Васиљевич Гогољ, во режија на Леван Цуладзе.

Во рамки на МНТ-Фест ќе има отворени два дена за младите автори и за независните проекти од Македонија. Ќе се одржат и два разговори: со Лилија Абаџиева денеска напладне на тема „Мојот театар“ и со режисерот и директорот на Националниот театар од Будимпешта, Атила Видњански.

Во рамки на МНТ-Фест ќе се одржат и две работилници отворени за актери, режисери, музичари, сценографи, костимографи и за сите љубители на театарот, едната со Горан Трајковски на тема „Музиката во театарската претстава“, а другата со сценографот Валентин Светозарев на тема „Создавање на театарски светови“.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска