Почнува Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2018“

Од:

На отворената сцена во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечерва во 20:30 часот ќе биде отворен 15. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2018“, кој го организира општина Велес, а ке трае до 7 јули.

Традиционално, фестивалот ќе стартува со дефиле на учесниците -играорците и фолклористите по велешките главни улици во 19 часот од пред Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“.

Годинава, на ИФФ „Велес 2018“ ќе има 18 учесници од кои шест ансамбли од Мексико, Естонија, Србија, Словачка и Црна Гора, како и десет ансамбли од Македонија.

Инаку, вечер на отворената сцена, љубителите на фолклорот од Велес ќе можат да уживаат во настапот на ансамблите „Керамичар“ од Велес, „Де Тореон“ од Максико, „Студио фолклор“ од Македонија, „Младост“ од Словачка, „Тина Танц студио“ од Естонија и ОКУД „Миломир Петровиќ“ од Србија.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска