Почнува тридневниот фестивал и натпревар на класични и народни инструменти „Етно приказна“, соопштија денеска од ДКЦ Карпош.
– Преку магијата на звукот на кавалот, тамбурата, тапанот, кларинетот, гајдата, хармониката денеска во 17:30 часот започнува нашата „Етно приказна“. Со нашата приказна која трае три дена, ја продолжуваме традицијата која како аманет е оставена од нашите предци за идните наши поколенија, наведуваат во соопштение.
Оттаму посочуваат дека во услови на пандемија ќе се придржуваат до заштитните мерки, и ги очекуваат посетителите со посебни протоколи да учествуваат на ревијалната вечер.