Почнува АКТО Фестивал за современи уметности во рамки на Битолското културно лето

Од:

Осмото по ред издание на АКТО Фестивалот за современи уметности насловено „Час по природа и општество“ почнува денеска во Битола, во рамки на Битолското културно лето БИТФЕСТ.

Годинава, Фестивалот посветува внимание на учењето, на мислењето, на обидот одново да се препрочита градот, историјата, културата.

Фестивалот ќе понуди голем кураторски проект насловен „Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност“ на Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова во рамки на кој ќе се направи обид да се изгради библиотека преку собирање и дистрибуирање литература која се однесува на граѓанска партиципација, активност и реакција по пат на донации од индивидуалци, претставници на невладиниот сектор и организации и здруженија кои се согласни да делуваат во насока на градењето на отворено и современо демократско општество.

Покрај тоа ќе има презентации на книги од страна на професори, издавачи, активисти, теоретичари и уметници, а ќе се одржи и работилница за деца насловена „Исцртување поезија, работилница со деца и родители“ со Христина Иваноска и Јане Чаловски од организацијата „Проектен простор прес ту егзит“ од Скопје. Ќе биде прикажано и кореографското деби на Вероника Валдес во продукција на Плесни театар Љубљана. Фестивалот завршува на 11 август.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром