Почнува 19. издание на Таксират

Од:

Десетина настани со учество на пвоеќе од 60 артисти ќе понуди 19. музичкиот фестивал Таксират што во партнерство со Десонанц фестивалот ќе се одржи од денеска до 9 декември во Младинскиот културен центар.

Катарина Евго, претставник на „Пасворд продукција“ која е организатор на Таксират, истакна дека гости на фестивалот се музички уметници од голем број земји од Европа, но и бројни претставници од македонската сцена. Денеска започнува пин-конференција на која за актулени теми од музичката сцена ќе дебатираат повеќе од 100 гости говорници, истакнати имиња кои стојат зад најреномираните фестивали во Европа, најголемите букинг агенции и најзначајните алтернативни издавачки дискографски куќи, како и исто толку претставници од македонската музичка сцена.

Почетокот на конференцијата ќе биде одбележан со македонскиот панел „Не лути се човече!“, кој ќе ги соочи дел од фестивалските промотери и музичките артисти од Македонија, во дискусија за најактуелните теми и предизвици со кои тие се соочуваат на музичката сцена.

Во вечерните часови, пак, предвидени се повеќе од 30 настапи на музички артисти од земјава, од регионот и од Европа, за кои влезот е слободен. Пин-концертите ќе ги отвори настапот на австралиско-американската група „Лајерс“ и македонскиот бенд Палиндром. Меѓу учесниците се и Баба Зулу од Турција, нашите Баклава, Фолтинг и Културно-уметнички работници кои ќе го промовираат својот нов албум, како и Визељ од Белград, Ет Павлијон од Австрија…

Фестивалот на електронска музика – Десонанц, како што рече неговиот директор Андреј Анчевски, ќе понуди поглед на новите текови и остварувања од електронската сцена ставајќи го Скопје на мапата на светот на електронска музика. Тој најави и враќањето на македонскиот сејберпанк бенд Киборг по пауза од 20 години, кој ќе настапи на 2 декември на третата последната вечер на пин -концертите.

Инаку, на програмата на Таксират се и концертот на 7 декември на Дарко Рундек, кој одбележува 20 години од неговиот прв албум „Apocalуpso“ со турнејата „Apocalуpso Now. На 8 декември е настапот на Дамиен Дубровник и Стринг Форсист во Македонска Филхармонија, а истата вечер во МКЦ е и концертот на составот од Берлин „Хедлес Хорсмен“. На 9. декември сцената на фестивалот ќе биде резервирана за најмладите алтернативни групи од домашната сцена во рамки на тн. Лузер фест.

Главната вечер што традиционално се одржува како заокружување на програмата на Таксират оваа година нема да се одржи во Метрополис арената на Скопски саем, кој веќе не постои, туку во Вип арената Борис Трајковски со ексклузивен настап на пионерите на електронската музика – легендарните Крафтверк, на 27 февруари со импозантно 3Д-аудио-возулено шоу. Според Евго, со овој концерт ќе биде означен и почетокот на прославата на 20-годишниот јубилеј на Таксират.

Би можело да ве интересира

Таксират Фестивал 25 започнува во јануари

Ана Ололовска

Заврши годинешното издание на музичкиот фестивал „Таксират“

А1он

Финале на 23. „Таксират“ – ќе настапат Брејча, Партибрејкерс, Мизар, Санаториум

Ана Ололовска

Финалето на 23. „Таксират“ утревечер со Брејча, Партибрејкерс, Мизар и Санаториум

А1он

Dead Can Dance ќе настапат во Скопје

А1он

На „Архангел“ се пее преку маски седнати на столчиња

Ана Василевска