Почнува 10. Фестивал за народна култура „Пображење“

Од:

Во Вевчани денеска почнува 10-тиот Фестивал на народна култура „Пображење“, во организација на Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани.

Оваа година поради пандемијата со коронавирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и ќе се реализира под строги мерки и протоколи пропишани од Министерството за здравство. Но, и покрај ваквата ситуација, организаторот во чест на десетгодишниот јубилеј најавува програма како што му доликува на нивото на овој фестивал.

Фестивалот ќе почне вечер, во 19:30 часот, со свечено отворање во центарот на Вевчани со вевчанските зурли и топани и пејачката група Каданка. На отворањето ќе се обрати Мирјана Мирчевска, етнолог/антрополог, член на организацискиот одбор на фестивалот.

По свеченото отворање, во 20:00 часот во амфитеатарот во Вевчани, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе биде отворена изложбата „1.000 години Бигорски манастир“, на која ќе бидат прикажани избор од најстарите и уникатни икони на нашето големо македонско духовно светилиште, Бигорскиот манстирот.

На спортското двориште утревечер, од 20:00 часот, ќе биде вечер посветена на традиционалната музика и песна на која ќе настапи Ансамблот „Македонија“ со презентација на чалгиската, вокално – традиционалната и зурлаџиско – тапанџиската традиција на нашата земја. Бројот на седишта ќе биде според пропишаните протоколи и ограничен за публика. За таа цел организаторот овозможи директен пренос онлајн преку Јутјуб каналот на КУД „Дримкол“, како и преку регионалниот кабловски оператор.

Фестивалот завршува в среда со третата фестивалска вечер на празникот Преображение Христово во 20:00 часот на националната телевизија НАША ТВ, како и со онлајн фестивалска програма на која ќе учествуваа: КУД „Дримкол“- Вевчани, КУД „Светозар Марковиќ“- Србија, Ансамбл „Македонија“, „Ла Капуљеро“- Франција, КУД „Илинден“ – Битола, „Тиера Местица“ – Мексико, ФС „Блажевски“- Скопје.

Оваа година во програмската содржина „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, учесник ќе биде ликовниот сликар и ликовен педагог Даниел Тодоровски од Кратово.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска