Почнаа активности за заштита на ранохристијанската базилика во струшко Радолишта

Од:

Стручните екипи на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга ги почнаа активностите за увид на состојбата на базиликата во струшкото село Радолишта, една од четирите базилики од ранохристијанскиот период во Струшко, по што следната година ќе почнат со конзервација и реставрација на овој исклучително значаен споменик од крајот на 5-тиот и почетокот на 6 век.

Активностите се предвидени во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Базиликата се наоѓа источно од село Радолишта, на 500 метри од магистралниот пат за Ќафасан, во непосредна близина на Охридското Езеро, на локалитетот „Цигански гробишта“.

radolishta-struga1

Во науката таа е позната и по мозаиците кои имаат исклучителна вредност т.е. иконографијата на претставените мотиви и композиции се вбројува меѓу најзначајните и најрепрезентативните во  Македонија, па и пошироко, од периодот на 5-6 век. Овие мозаици се дел во сите позначајни светски публикации кои го промовираат и го проучуваат периодот на раното христијанство.

– Во ископувањата во 1951 година бил откриен дел од трикорабната базилика и 15 гробови врз остатоци на базиликата. При наредниот зафат,  од 1976 до 1980 година, базиликата била целосно откриена, со три кораби, нартекс, анекси, крстилница и уште 121 гроб, кои по стратиграфијата и прилозите се датирани од 7 до 14 век. Реконструиран е и дел од архитектурата, стопите и крстилницата, како и одделни партии од подот. Поминат е подолг временски период од кога се направени овие првични зафати, така што овој споменик на културата е оставен на забот на времето и е во многу лоша состојба, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска