Почна културната манифестација „Кавадаречка културна есен”

Од:

Во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци синоќа започна традиционалната културна манифестација „Кавадаречка културна есен”. Стартот беше означен со голем концерт на групи и солисти од кавадаречката поп, рок и џез сцена, ретроспектива на кавадаречката музичка сцена од осумдесетите години на минатиот век до денес.

– Промоции на книги, театарски претстави, концерти, изложби, мултимедијални перформанси. Над 40 културни настани ќе можат да проследат кавадарчани во текот на оваа културна есен. Тие ќе го збогатат културното живеење во градот кој и онака е познат по богатиот културен живот и многубројните културни случувања, рече Владимир Темков, директор на културниот дом.

Синоќа кавадарчани на изложбата која беше отворена во  во Домот на културата можеа да ги видат и ликовните дела кои беа создадени во рамките на ликовната колонија „Вила Тодоров Кожуф” што годинава во две етапи се одржа на планината Кожуф.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје