Почна фестивалот „Албански театар во Македонија“

Од:

Пред преполна сала, во Центарот за култура во Дебар, синоќа почна фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржива во овој град.

Годинашното 13. издание на Фестивалот го отворија актерите од професионалниот театар од косовскиот град Призрен, со претставата „Куќа на куклите“ на норвешкиот писател и драматург Хенрик Ибзен, а во режија на Сокол Плаколи.

Вечерва ќе настапи професионалниот тетар од Тетово  со претставата „Несреќна смрт на анархистот“ од Дарио Фо во режија на Куштрим Бектеши.

Во наредните денови, ќе се претстават актери од тетатрите од албанските градови Валона, Драч и Корча, од кумановскиот тетар-албанска драма, а на последната фестивалска вечер актерите од Националниот тетар и балет од Приштина.

Фестивалот завршува на втори ноември со доделување на наградите за најдобара претстава, режија, актер и актерка. Финансиски и оваа година фестивалот го Министерстото за култура. 

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски