Почна 49. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

Од:

Со доделување на наградите за животно дело синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп почна 49. Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Годинава наградите им беа врачени на тројца актери – доајени на македонската театарска сцена – Снежана Стамевска од Драмскиот театар во Скопје и Салаетин Билал и Мустафа Јашар од Турскиот театар.

– Оваа награда е дел од вас. Поради вас, публиката, сме овде, а вие знаете тоа добро да го процените, истакна Билал заблагодарувајќи се за наградата за животно дело.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески нагласи дека е голем бројот на уметници кои со годините останале запаметени со изведбите на оваа сцена.

– Овој настан е голема потврда дека уметноста е најсигурното средство со кое човекот се издвојува во светот, но и средство со кое се сплотува меѓу себе. Затоа, имаме особена чест да го поздравиме и да го помогнеме овој фестивал кој ни го доближи театарот, таа естетска игра, тој влез во непознатото, рече Ристески.

По свеченото отворање беше изведена првата од 12-те претстави во официјалната конкуренција за награди – претставата на Битолскиот театар  „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Ѕвездана Ангеловска.

Во Центарот за култура беа отворени и две изложби. Едната на карикатури на авторот Василие Поповиќ-Цицо и ретроспективната на ликовната колонија „Де Ниро“.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска