Доајенот на македонскиот театар и филм, уметник кои целиот свој живот го посвети на уметноста, Коле Ангеловски го прослави својот 80 роденден. И тоа не било како – туку во друштво на своите колеги и помладите, нови генерации но и повозрасните со кого работи целиот свој живот.
И тоа не било каде – туку таму каде што твори целиот свој живот. Изненадувањето колегите му го приредиле токму во драмскиот театар. Торта, свеќички и сите околу трпезата. Дел од фотографиите од прославата беа објавени токму на фејсбук профилот на Драмски театар.
Коле Ангеловски е македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник.
Коле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година
Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот Скопски земјотрес на од 1963 година. Како глумец првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата глумци, брат му Владимир Ангеловски, Мите Грозданов и повозрасните Стево Спасовски и други ја толкувале една од главните улоги во таа детска серија.
Добитник е на многу награди како глумец, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”.