Почина режисерот Франко Зефирели

Од:

Познатиот италијански филмски и оперски режисер Франко Зефирели почина денеска во Фиренца на 96-годишна возраст.

Зефирели во својата кариера режирал повеќе од 20 филмови, меѓу кои најпознати се „Исус од Назарет“ и „Ромео и Јулија“, за кој беше номиниран за Оскар за најдобра режија.

Тој работел со ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Лоренс Оливие, Алек Гинис, Феј Данавеј и Џон Војт.

Заедно со Федерико Фелини, Лукино Висконти и Виторио Де Сика, Зефирели важеше за еден од повоените италијански филмски гиганти.

– Франко Зефирели, еден од најзначајните личности во културата, почина утрово. Збогум маестро, Фиренца никогаш нема да те заборави, објави на Твитер градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата