Почина Маноел Де Оливеира, првиот почесен доктор на ЕСРА

Од:

Во Порто, Португалија, вчера, на 106 годишна возраст, почина доајенот на европската и светската кинематографија Маноел Де Оливеира.

Неговиот прв игран филм се појави во 1931 година, по што до денес Оливеира оствари импресивен опус од 58 играни и голем број документарни филмови. Добитник е на најголеми признанија од областа на филмот, Златен лав за животно дело на Фестивалот во Венеција, како и награда за животно дело на Канскиот фестивал.

Де Оливеира беше прогласен за прв почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во јануари 2008 година, а ја доби и престижната Светска награда за хуманизам која ги продолжува традициите на Св. Климент Охридски, како основач на Првата школа на хуманизмот во Европа.

Во неговата пристапна беседа на ЕСРА и беседата во Охрид во Куќата на Уранија, на духовен план ги поврза Македонија и Португалија, цитирајќи го класичниот поет на Луис Де Камоеш, кој во своето познато дело „Луисијади” од 16 век, го напиша бесмртниот стих „Реката Вардар и Македонија се извор на европската меморија”.

Ректорот Јордан Плевнеш во име на Наставно-научниот совет на ЕСРА испрати сочувство до семејството на Маноел Де Оливеира.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата