По премиерата во Велес, останаа смрзнати и неисплатени актери

Од:

Помина премиерата во новиот тетар во Велес, камерите заминаа, се собраа црвените теписи, но останаа неисплатените обврски и празната тетарска сцена.

Ваквиот исход не чуди со оглед дека политичарите и на премиерата беа поголема вест од актерите во претставата, кои сега чекаат да им се исплатат парите.

За А1он тврдат дека ниту еден хонорар за ангажираните во претставата „Најважната работа на светот“ сеуште не е исплатен, а нема ниту најава кога тоа ќе се случи. Во договорот пишува дека обврските ќе се подмират по префрлање на пари од Министерството за култура кон театарот, што неофицијално веќе било направено во два наврати.

По дефилирањето на речиси сите министри и гламурозната претстава во медиумите за новата театарска зграда, останаа и велешките актери да вежбаат без греење.

Вработените во „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ велат дека новата зграда е неспоредлива со старата, но и дека сега пробите ги одржуваат на малата сцена без греење. Тие велат дека зеле плата, но не се исплатени хонорарите за сите што учествувале во претставата, односно кои не се вработени во театарот во Велес.

veleskiTeatar

Актерите се жалат дека ништо од шоуто кое беше приредено со отворањето на тетарот не е како што изгледало во медиумите. Во тетарот немало нафта за грееење, па била набавена но почнало да чади, и сега се греат со електрична греалка-тајфун.

– Условите се сменети, со тоа што претстави не се играат зошто нема греење, центаралното греење не работи и не се завршени некои работи. Беа изиграни уште две претстави по премиерата и од тогаш по сите сликања и протоколи, нема ниту една претстава на репертоарот, ниту новата , ниту пак од старите, изјави вработен за А1он.

Во моментов нема претстави на репертоарот на Велешкиот театар, но има проби за претстава која треба премиерно да се изведе во средината на февруари, а која е почната со подготовки уште во август минатата година.

– Но ако дотогаш не се стави ништо, не знаеме. Ниту една претстава не е играна од старите претстави. Минатото лето се излетаа со припомредавање на зградата што беше политички потег и да не излезе дека се враќаме во старата зграда немавме никакви игри, се до премиерата во декември. Ние правевме перформански демек се примопредава новата зграда, а немавме ништо изиграно. Велес имал над 100 претстави во текот на годината, а сега градот е останат без претстави со нова тетарска зграда. Можеби се чека да помине грејната сезона да не се даваат пари за греење. Таму се тестираат уште работи, работници од градежите фирми сеуште се низ театарот, секој ден се во подрумот и низ салите, сеуште работат, велат вработени за А1он.

А1он се обиде, но не успеа да стапи во контакт и со директорот на театарот Јордан Витанов, да даде свој став за неисплатените хонорари, но и зошто нема претстави на репертоарот на велешкиот театар.

Т.Ц.
Фото: Телеграф

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска