Пловдив и Матера – Европски престолнини на културата во 2019 година

Од:

Бугарскиот град Пловдив и италијанскиот град Матера се прогласени за овогодинешнни Европски престолнини на културата, соопшти Европскиот парламент.

Во соопштението се вели дека станува збор за градови со богато историско наследство, свртени кон днината, објави бугарската агенција БТА.

Пловдив е првиот бугарски град кој ја освои титулата Европска престолнина на културата. Пловдов, со своите 345 илјади жители е вториот по големина град во Бугарија.

– По преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ (од јануари до јуни 2018 година), Пловдив 2019 е следниот голем и значаен настан за Бугарија, рече бугарскиот пратеник Андреј Ковачев.

Кога станува збор за Матера, тоа е град од 60.000 жители на југот на Италија, кој е познат по древните пештерски населби на Саси ди Матера, кои се дел од списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Италијанскиот европратеник Пјерникола Педичини смета дека титулата Европска престолнина на културата на Матера ќе и даде можност на светот да ги покаже своите знаменитости.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија