Во организација на граѓанското здружение „Вреди да си од Кичево“ вечерва во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево се одржа петтата манифестација „Мултикултурен ден” под покровителство на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.
– Заедно може да успееме. Вашето здужение е доказ за тоа дека навистина вреди да си од Кичево. Вие сте пример како треба да се дејствува во заедништво. Можам да ви ветам дека во иднина ќе имате и силна финансиска поддршка од Министерсвото за култура за вашите културни активности, рече Мемфи Илаз, претставник од Министерството за култура.
Следуваше културно-уметничка програма со песни и ора на сите јазици од националностите кои живеат во Кичево. Имаше и изложба на стари народни носии од заедниците, како и дегустација на традиционални кујни од овој крај.