На својот втор состанок, Жири-комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во состав проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), како поетски книги кои се издвојуваат по својот квалитет ги селектираше: Славица Гаџовска Свидерска „Golgotha Feminarum“, Јулијана Младеновска Тешија „Куќа“, Шифра Имануел „Умоверзум“, Тања Павлеска „Созборка“ и Виолета Танчева Златева „Глуво време“. Редоследот на номинираните нема вредносно значење.
Наградата „Антево перо“се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.
Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува со цел откривање и афирмација на нови млади талентирани поети кои творат на македонски јазик и потстрек за нивното творештво, стручната комисија ги номинираше: Софија Тодороска „Контури“, Матеја Богдан „Посветено“ и Рената Пенчова „Точки во бескрајот“. И во овој случај редоследот на номинираните нема вредносно значење.