Македонка Божиновска лауреат на „Антево слово“ за 2023/2024 година

Од:

Македонка Божиновска за песната „Криенка“ е добитничка на наградата за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“ за 2023/2024 година. Наградата е востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ (Kontext), годинава по седми пат ја доделува наградата „Антево слово“, специјална награда на фестивалот.

Меѓу учесниците, освен поети од нашата држава имаше автори и од Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар, а во поширокиот избор влегоа: Ристо Маџунков, Ана Бунтевска, Дарко Лешоски, Соња Карбева, Милчо Мисоски, Елизабета Дончевка-Лушин, Љубица Шопова, Јулијана Младеновска-Тешија, Елизабета Бандиловска, Маја Апостолова, Ирена Павлова Де Одорико и Марија Чокалова.

Одлуката за наградата едногласно ја донесе жири-комисијата во состав: Митко Гогов (претседател), Виолета Танчева-Златева, Драгана Евтимова, Жорж Поповски (членови) и Геро Ла Векија (надворешен соработник), по пристигнати стотина песни.

– Во својата кратка, но ефектна песна „Криенка“ Македонка Божиновска ни ја открива целата филозофија на човекувањето. Симплифицирана во изразот, со само неколку слики од детството ни открива панорама на сеќавања, колективна носталгија, но и суштински светоглед кој ја одразува длабочината на авторското восприемање на реалноста, се вели во одлуката од жири-комисијата.

Втората награда е за Милена Сиљаноска за „Ако имам уште еден час со тебе“ и за Александра Спасеска со „Имало денови“, а третата награда е за Рекија Фебио (Италија) со „Ќе чекориш“ и Антева Темјана (псевдоним) за „Оревот“.

Васја Мицковки со „За плашливите“ е добитник на наградата „Млад автор“.

Би можело да ве интересира

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска

Девет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Ана Ололовска