Пет награди за членови на Ателје Бојар на изложбата „13 Ноември“

Од:

Деца членови на Ателје Бојар освоија пет награди на 42. Меѓународна ликовна изложба „13 Ноември“ која од  17-ти до 27 ноември се одржува во изложбениот салон на Кинотека на Македонија.на изложбата „13 Ноември“.

Ателјето се претстави со 25 дела изработени во пастел, бајц, колаж и молив во боја, а пет од нив беа наградени – прва награда добија Ана Вчкова и Матеја Грнчароска, втората награда му припадна на Марко Милчевски, а третата на Маја Лиманте и Мартин Самец.

Досега Ателје Бојар има учествувано на 15 републички и меѓународни изложби и има освоено повеќе награди дипломи и признанија.

На годинашната ликовна изложба „13 Ноември“ учествуваа десет држави со околу пет илјади ликовни творби, од кои изложени беа 600 дела, а 200 беа наградени.

Авторите на творбите се на возраст од четири до  20 години, во четири категории: градинки, основни и средни училишта, уметнички училишта и факултети.

Изложбата ја организира Ликовен центар и здружение на ликовни педагози од Скопје, под покровителство на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“

79 години ослободувањето на Скопје

Катерина Ѓуровски

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

МКЦ е добитник на наградата „13 Ноември” на Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска