Патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ во Прилеп

Од:

Патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ со 39 изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство во Втората светска војна денеска ќе биде отворена во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини. Отворањето на изложбата во Македонија беше во Министерството за надворешни работи во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот – 27 јануари.

Водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци, кои минале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Изложбата во Македонија е во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денес“, во организација на Младинскиот образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.

Проектот има за цел да го привлече вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање конфликти во минатиот век.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“