„Панта Реи“ – изложба на уметникот Бојан Ковски

Од:

Во четврток, 14-ти Ноември, во галеријата Акантус ќе биде отворена изложба на Бојан Ковски. Официјалното отворање на изложбата ќе започне во 20 часот и ќе биде достапна за посетителите до 7-ми Декември.

Бојан Ковски е академски сликар, кој своите студии ги има завршено на Факултетот за Ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2011-2015, под менторство на проф. Антони Мазневски.

Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни и групни изложби и перформанси. Во неговите дела се изразува со слики масло на платно, како и body paint перформанси.

Оваа прва поголема изложба Ковски ја работеше во изминатите 3 години, а ќе бидат вклучени 16 дела.

Во претстојната изложба, Ковски ја разработува формата на човечкото тело и природата, коишто претставуваат константен тек и перцепција на човечката визуелизација. Делата во „Панта Реи“, преку теми од римската, грчката и вавилонската митологија отсликуваат сродни случувања низ различните предели од земјата коишто се сплотуваат во една кохерентна целина.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“