„Панфиз 2016“ од 9 до 11 октомври

Од:

Шест претстави се на програмата на деветтиот Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“, кој од 9 до 11 октомври ќе се одржува на малите сцени на Македонскиот народен театар и на Македонската опера и балет.

Уметничкиот директор и селектор на „Панфиз“ Трајче Георгиев на денешната прес-конференција рече дека годинава на фестивалот имало над 50-тина апликации и додаде оти направиле шарена продукција.

Отворањето на фестивалот е на 9 октомври во 20 часот во МНТ, со претставата „Легенда за фауната и патувањето“ на Маи Рохас од Барселона, Шпанија. Претставата, како што речеГеоргиев, содржи пантомима, физички театар, видео продукција и ефекти. Во 21.30 часот ќе настапат гостите од Врање со „Замислен свет“.

На 10 октомври во 20 часот во МНТ гостува Националната академија за филм, телевизија и театар „Крсто Сарафов“ од Софија. Класата на професорот Александар Илиев ќе ја изведе претставата „MATER NATURA“ („Мајка природа“), а од 21.30 часот ќе настапи Александар Илиев со „Пјеро“.

За третиот ден од фестивалот во МОБ, на малата сцена ќе биде изведена претставата „Живот на висока нога“ на Центарот за развој на циркуската уметност „Лудифико“ од Нови Сад, а по нив ќе настапи младиот уметник од Панчево, Марко Нектан со „Чекорот на сафирот“.

На „Панфиз“ ќе биде доделена само една награда, за најдобра претстава, која е спонзорирана од Антонија Цветанова и Росен Пацов и од Бугарија, кои живеат во Франција.

Жирито годинава го сочинуваат нашата примабалерина Тања Вуисиќ-Тодоровска – претседател, а членови се професорот по драматургија на новосадската академија Милан Пузиќ и директорката на Пулс театар од Лазаревац Ивана Недељковиќ.

Фестивалот „Панфиз“ го поддржуваат Министерството за култура и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска