Отворена традиционалната изложба по повод ослободувањето на Куманово

Од:

Во Уметничката галерија во Куманово вечерва беше отворена 58. изложба „Кумановски ликовни уметници“ во чест на Денот на ослободувањето на градот. Годинава на изложбата учествуваат 24 ликовни уметници со дела работени во различни ликовни техники.

– Освен делата кои ги задоволуваат класичните норми на ликовното творештво, оваа година опфатени се и дела од млади ликовни творци кои ги следат новите достигнувања во ликовното творештво и презентираа инсталации, така што заедно со сликите и графиките ја чини оваа продукција богата по својот израз и по својот  квалитет, рече Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово на отварањето на изложбата.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски ја отвори изложбата посочувајќи дека ова е годишен настан кој ги обединува ликовните уметници од градот. Оваа изложба, рече тој, е заеднички проект кој  го спроведуваат локалната власт и кумановскиот музеј.

– Оваа изложба е една од двата проекта на кои заеднички работиме со НУ Музеј, проект којшто има 58 години традиција, започнат во 1956 година во чест на ослободувањето на градот. Куманово се профилира како град на уметноста, рече Дамјановски.

Изложбата се реализира со поддршка на Министертвото за култура, во соработка со НУ Музеј и градоначланикот и Советот на општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Болна е обвинетата градежна инспекторка од Куманово, судот денес ја одложи расправата

Градежна инспекторка од општина Куманово заработи кривична пријава од МВР

Кумановец заработи пријава: Со остар предмет сакал да убие познаник

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он