Отворена ликовна изложба на сликарката Виолета Силјан во Гевгелија

Од:

Пионерскиот дом од Гевгелија и Музејот на град Скопје, се организатори на ликовната изложба од сликарката Виолета Силјан, насловена „Дивиот трендафил“ која беше отворена синоќа во Гевгелија по повод 30 годишното јубилејно творење на уметникот.

Според авторката, изложените дела го претставуваат нејзиниот последен циклус кој според својот есенцијален концепт нуди содржина која е темелена на идентитетот на жената,односно на метафората на женското писмо.

Виолета Силјан е родена 1956 година во Тетово.Училиште за применета уметност завршила 1976 година,а десет години подоцна дипломирала на Факултетот за ликовни уметности,на одделот за графика,во класата на професорите Драгутин Аврамовски-Гуте и Димитар Малиданов.

Изложбата на Виолета Силјан гевгеличани ќе можат да ја посетат во ликовниот салон на фондацијата „Аполонија“ каде што е поставена.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“