Отворена изложбата на Ирена Паскали во галерија „КО-РА“

Од:

Вчера, 4. октомври во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје, е отворена изложбата -мултимедијална инсталација на м-р Ирена Паскали, уметница која подолг период живее и твори во Келн, Германија.

Родена во Охрид, Паскали дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, а магистрира во Келн, Германија.

Изложбата ја отвори Виолетра Калиќ, историчар на уметноста, и стручен соработник з а визуелни уметности во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопјер., и при тоа истакна; „Ирена Паскали е впечатливо позната веќе со својот израз, и најчесто ангажирана определба континуирано е присатна во сферата на визуелната уметност со голем број проекти, најчесто од ангажиран карактер, кои ги реализира со примена на најнеочекувани материјали во компилација со современата актуелна дигитална теника, како во галериски простори, во големите урбани центри, така и така и во најразлични алтернативни простори, каде се претставува со препознатлив, често провокативен, и концептуален израз со бројни инсталации, просторни интервенции, перформанси и други мултимедијални проекти, кои здружуваат визуелизација на разнородни елементи, звук, слика, видео, фотографија и др.

Таа побудува љубопитност и со авангардноста на изразот и со техниката, но и со тематската определба. Најчесто се нејзините проекти од ангажиран караактер и посочуваат теми како од лична интеимна сфера на уметницата но воедно се и во релација и со утилитарната проблематика од глобално значење.

Темата на оваа изложба и самиот наслов ја посочуваат контроверзноста на денешницата која со секавична брзина се одвива соочена со бројни парадокси, а секвенците се интерпретирани на најразнороден начин во релација со индивидуалната перцепција на поединецот или групата. Акцентот е токму на тој релативитет на перцепцијата и интрепретацијата на нештата кои с ево релација со севкупниот индивидуалитет на секоја едника одделно, па побудуваат разнородни алузии, асоцијации, во доживувањето на скеој сегмент одделно, како и симболите со кои комуницираат сите цивилизации во генезата, а добиваат и восприемуваат често разнородна конотација во интерпретацијата, примента и употребата.

Всушност секоја единка е сублимат на она она што го мисли, што го чувствува, што го посакува, кон што стреми, како и на сето генетски и културолошко наследство кое го има напластено во својот код, а енергијата која го еманира не дефинира како уникатни суштества. И начинот на кои ги доживуваме сите појавни и непојавни нешта е индивидуален, различен, неспоредлив и неповтрлив, како и секој миг кој го живееме, останува како еден единствен, неспоредлив и неповторлив, а сите матријализирани нешта се сегмнети склони на ерозија, и самоуништување како и самата инсталација по својот завршеток- посочи Виолета Калиќ, историчар на уметноста која ја отвори оваа самостојна изложба на м-р Ирена Паскали, која по 27 години од своето дејствивање на ликовната сцена пак се наврати со свое претствување во салонот на Галерија КО-РА, каде ги бележиме и нејзините почетоци како тогаш млад автор кој навестува специфичен сензибилитет и неочекувано голем потенцијал. Не радува нејзиниот растеж на тој пат, надоградуван и облагороден со бројни разнородни искуства, во сферата на визуелните уметности, актуелни на светската сцена, и последователнои крунисани со награди и резиденцијални престои“

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“