Отворена изложбата „Моменти во Европа“ во Струмица

Од:

Во Градската библиотека „Благоја Јанков-Мучето“ во Струмица денеска беше отворена изложбата на фотографии „Моменти во Европа“ на фотографот Игор Данајловски, во соработка со ЕУ Инфо центарот.

На дваесетина фотографии се прикажани моменти од повеќе европски градови, меѓу кои Лондон, Мантова, Барселона. Според авторот, тоа се уникатни приказни кои го покажуваат она што може да се види само преку објективот, со енергија и сила кои ги надминуваат границите на Европа.

– Културните приказни на ЕУ Инфо центарот ја сплотуваат публиката на еден поинаков, свеж начин. Културата во нејзините пошироки рамки го допира секој аспект на животот. Таа ги обединува различните толкувања, идеи и верувања. И како што добро, подобро се запознавме со другите култури, се придвижуваме кон нашето индивидуално стојалиште на културна традиција, кон суштинското меѓукултурно разбирање, рече Тања Гошева, директор на Градската библиотека „Благоја Јанков- Мучето“.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“