Отворена изложбата „Манастири во Кавадаречко“

Од:

Во организација на Музејот од Кавадарци и општина Кавадарци денеска во музејската галерија беше отворена изложбата посветена на манастирите во Кавадаречко.

Директорот на Музејот, историчарот Петре Камчевски рече дека акцент е даден на Полошкиот, но опфатени се и Моклишкиот и Бошавскиот манастир.

– Ги имав честа и привилегијата да бидам дел од конзерваторската екипа која од 1980 до 1985 година работеше на конзервација на Полошкиот манастир. Притоа беше извршена конзервација на надворешната архитектура, конзервација на фрескоживописот и конзервација на сите предмети од манастирот, нагласи Камчевски. Додаде дека паралелно се работело и на научно-истражувачкиот проект.

Весна Ѓорѓиева, виш кустос и историчар на уметност во Музејот во Кавадарци нагласи дека црквите и манастирите во Тиквешијата, како и останатите средновековни манастири во Македонија како упоришта на православниот монашки живот, со својата богата историја, духовна и материјална култура, отсекогаш предизвикувале интерес со својата амбиенталност, архитектура, иконопис, резба, ѕидно сликарство и останатото движното културно наследство кое го поседуваат.

– Тие се свидетели на вековната традиција на источно-христијанската култура и богатото религиозното творештво на нашиот народ, додаде Ѓорѓиева.

На 27 плакати во стаклени рамки, презентирани се околу 100 фотографии од манастирите во Кавадаречко. Изложбата ќе може да се погледне во наредните дваесетина дена.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“