Отворена изложбата „Ана Франк- лекции за сегашноста“ во Прилеп

Од:

На 39 панели и со филм за „Ана ФРанк“, синоќа во галеријата од Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата „Ана Франк – лекции за сегашноста“.

Изложбата го опфаќа животот на Ана Франк, но и историјата на евреите, сите оние кои биле засегнати од фашистичката идеологија и диктатура. На седум панели е опфатена и македонската историја од втората светска војна, објаснуваат од Младинскиот образовен форум од Скопје, организатор на изложбата.

– Овој проект, финансиран од ЕУ, а спроведен од Младинскиот образовен форум и куќата на Ана Франк од Амстердам има за цел, пред се, да ги запознае и да ги научи младите за Втората светска војна, за холокаустот, за животот и страдањата на Евреите и сите засегнати од злоделата од Втората светска војна, но и да ги научи младите на толеранција, на меѓусебно почитување, на прифаќање на различностите, со цел вакви хорори и терори никогаш да не се повторат, вели Димитар Низамовски, од Младинскиот образовен форум.

Пораката за самосвесноста и денешнината преку изложбата ја анимира и прилепскиот Центар за култура.

– Сакаме на еден начин да придонесеме за едукацијата на младата популација во нашиов град, вели Каролина Мицевска од Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Изложбата официјално беше отворена на 27 јануари, на Меѓународниот ден на холокаусотот и на жртвите од холокаустот во Министерството за надворешни работи, а потоа прикажана и во Битола.

Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денес“ поддржан од Европската Комисија. Во рамки на проектот воден од Ана Франк Хаус, а во соработка со организациите МОФ, ХЕРМЕС, Младинска иницијатива за човекови права и Отворена комуникација, изложбата ќе биде достапна за младите од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Министерството за култура, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Холандската амбасада.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“