Отворена изложба „Убавините на Скопје низ историјата – Скопје на палетата на уметниците“ во Сплит

Од:

Изложба насловена „Убавините на Скопје низ историјата-Скопје на палетата на уметниците“ е отворена во просторот на МКД „Македонија“ во Сплит во рамки на културната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска, како и во рамки на меѓуинституционалната соработка.

На изложбата, која ќе биде поставена до 12 јануари и е во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје и МКД „Македонија“од Сплит, се претставени дела на 12 ликовни уметници од Македонија во повеќе ликовни техники (масло на платно, акрилик на платно, колаж, цртеж, графика, комбинирана техника, акварел, реди-меид објект, фотографија и видео).

Меѓу учесниците се Билјана Јовановска, Искра Беличанска, Маја Рауник Кирков, Јакуп Хајро, Весна Радишиќ, Шќипе Мехмети, Петра Јовановска, Ацо Таневски, Ива Јосифова, Афердита Кики, Божидар Тодоровски Бодле и Мелка Николовска.

Изложбата се очекува да биде претставена во повеќе градови во Хрватска. Манифестацијата е реализирана и поддржана и од Советот за национални малцинства на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“