Отворена изложба на Томе Мишев во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија синоќа беше отворена изложба на ликовниот уметник Томе Мишев, кој вторпат се претставува самостојно во главниот град на Бугарија по 16 години.

Мишев на изложбата се претстави со 14 дела, во кои преовладуваат теми од топлото поднебје на неговото потекло и работно творештво.

Во каталогот по повод оваа изложба, Љиљана Мисирлиќ, ликовен критичар од Бања Лука, напишала дека црвената, сината, жолтата и зелената се четворозвучие кое доминира на сликата, а нанесени се со силни и смели потези од густа боја.

– Светлоста избива од бојата, се распрскува по сликата и и дава нови звуци на оптимизам. Неговата боја не е без душа, празна колористичка игра, туку таа е негова внатрешна потреба, поезија и драма, негов живот кој остава траги (на мали и големи формати), силна енергија со лични печати во сведоштвото на поднебјето и времето кое Мишев го живее, пишува Мисирлиќ.

Томе Мишев (Струмица, 1958) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Самостојни изложби имал во Бугарија, Босна и Херцеговина, Франција, Германија, а бил учесник на многу групни изложби (Кина, Чиле, САД, Бугарија). Добитник е на значајни македонски награди за ликовна уметност.

Изложбата во бугарската престолнина заеднички ја организираа Националната галерија на Македонија и Културниот центар во Софија. Ја отворија директорите на двете институции, Маја Неделковска-Брзанова и Васко Шутаров.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“