Отворена аудиција за играниот филм „Безимени“

Од:

Во Скопје претстојниот викенд ќе се одржи аудиција за главните ликови за првиот долгометражен игран филм на македонскиот режисер Вардан Тозија со работен наслов „Безимени“, кој е во фаза на интензивни подговотвки.

– Снимањето на филмот ќе се одвива во Скопје.  Главните ликови во филмот се млади машки лица на возраст помеѓу 16 и 20 години па за таа цел продукцијата организира и отворена аудиција за сите заинтересирени кандидати кои не мора да имаат претходно актерско искуство, велат од продукцијата.

Инаку, Безимени е филм за група проблематични млади од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, го одбираат својот пат за опстанок преку единствениот начин што го познаваат бескомпромисна улична борба до последен здив.

Аудицијата ќе се оддржи на 31 јануари (сабота) и 1 февруари (недела) од 10:00-20:00 часот во џепното кино на Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата