ВИДЕО: Отворен 67. Филмски фестивал во Кан

Од:

Под диреигентската палка на Францускиот актер Ламбер Вилсон, поточно импровизираниот танц со Никол Кидман со која не знае дали танцувал во сонот или во јаве, беше означен почетокот на 67-то издание на Меѓународниот филмски фестивал.

Француско – италијанската актерка Кјара Мастројани и мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон на италијански, шпански, англиски и француски јазик во средата вечерта официјално го отворија најголемотот филмско случување во светот.

Претходно водителот на свечената церемонија ги претстави членовите на жирито со кој претседава Новозеланѓанката Џејн Кампион, единствената жена режисер која успеаа во изминатите 66 издание да ја освои Златната палма. Во жирито, таа меѓу другото ќе биде потпомогана и од  француската актерка Карол Буке и режисерите Галео Гарсија Нернал од Мексико и Софија Копола од Америка.

На отворањето беше прикажан филмот „Грејс од Монако“ на режисерот Оливије Дан  во присуство на екипата на филмот со Никол Кидман во главната улога, кој се прикажува надвор од официјалната конкуренција за Златната палма.

Ламбер Вилсон посбна почит му оддаде на починатиот француски синеаст Алан Рене.

За Златната палма годинава се натпреваруваат 18 филмови. Мешу нив Мајк Ли со „Господин Тарнер“, приказна за големиот англиски сликар Џозеф Тарнер, поместена во 19 век, а Кен Лоуч се навраќа на животот на политичкиот активист, Џими Гралтон, во 1930-тите години во филмот „Холот на Џими“.

Жан Лук Годар влезе во главната конкуренција со филмот направен во 3-Д „Збогум на јазикот“, додека двојните добитници на „Златна палма“, браќата Дарден, ќе се претстават со првиот белгиски вестерн „Два дена, една ноќ“.

Канадските режисери Дејвид Кроненберг и Атом Егојан се со два сосема различни филма, првиот со филмот за Холивуд „Патокази до ѕвездите“, а вториот со филмот кој на свој начин се осврнува на ужасите на киднапирањето во „Затвореник“. А меѓу другите режисери во Кан ќе се претстават Томи Ли Џонс, турскиот Нури Болге Џејлан, Хавир Долан од Канада и Андреј Звагинцев од Русија.

Годинава на фестивалот во Кан, како специјална проекција, ќе биде прикажан омнибусот „Мостовите на Сараево“, во кој кратките филмови ги потпишуваат: Аида Бегиќ, Камен Калев, Сергеј Лозница, Урсула Мејер, Владимир Перишиќ, Кристи Пуиу, Тереза Вилјаверде, Жан Лик Годар и други. Инаку, од регионот во официјалната програма во категоријата „Синефондејшн“ „Лето без месец“ на Стефан Иванчиќ.

Кан годинава им им оддава почест на италијанските легенди Федерико Фелини и Марчело Мастројани.

Македонија, годинава ќе биде присутна на фестивалот во Кан но на пазарот на филмот, со учеството на Агенцијата за филм на заеднички штанд со уште седум земји. На маркетот проекции ќе имаат новите филмови на Столе Попов и Антонио Митриќески, „До балчак“ и „Деца на сонцето“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Филмските критичари тврдат: Манекенките и инфлуенсерите го уништија овогодинешниот фестивал во Кан

(ВИДЕО) Нов скандал во Кан: Актерката ја турнаа од црвениот тепих

(ВИДЕО) Скандалозна тепачка на двајца познати рапери во Кан: Ги раздели обезбедувањето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сара Фергусон збесна во Кан и викаше по публиката: „Стоп, замолчете веднаш“

Предраг Петровиќ

Сунчица Уневска е дел од жирито во Кан за избор на најдобар арапски филм

Жарко Настоски