Со изведба на оперската претстава „Магбет“ од Џузепе Верди под диригентската палка на Бисера Чадловска во режија на Марко Спада од Италија вечер во Македонската опера и балет ќе биде отворена новата оперска сезона 2015/2016.
Во главната улога ќе настапи баритонот Борис Трајанов, а улогата на Леди Магбет ќе ја толкува Весна Гиновска-Илкова.
Операта „Магбет“ за прв пат во Македонија беше изведена на годинашните Мајски оперски вечери. Во претставата, која е работена според истоименото дело на Вилијам Шекспир, се говори за немилосрдната борба за власт.