Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Од:

Вечерва во Ј.У. Младински културен центар се отвора изложбата со скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски со наслов „Зодијак”.

Митко Дамјановски, роден во Кавадарци 1996 година. Завршил во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски” во Скопје на отсек вајарство 2014 година и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности смер вајарство 2019 година.

Изложбата „Зодијак“ е прва самостојна изложба на Митко Дамјановски. Таа е резултат на истражување во апстрактно творештво низ комбинации на различни материјали. Целината од дванаесетте дела кои ги претставуваат хороскопските знаци од зодијакот се претставени во апстрактна форма. Во овој проект се подвлекува паралелата помеѓу секој знак како уникатен спој на особини кои оформуваат еден карактер и асоцијативната моделација која ја овозможуваат избраните ликовни елементи и принципи.

Изложбата ќе биде отворена до 25.12.2023

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“