Отворање на галерија „Рудиќ“ со фото-изложба

Од:

Со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуса “Appearing – Disappearing” и “EXIT” денеска во Скопје ќе биде отворена галеријата „Рудиќ“.

Како што наведува Рудиќ, Галеријата како изложбено место за фотографија и визуелни медиуми има цел да организира и презентира изложби/проекти на реномирани автори и да промовира нови таленти низ нивното патување во запознавање на визуелна култура.

Галеријата, додава тој, ќе биде и место каде љубителите на уметноста можат да ги купат нивните дела, како и место на друење и разговарори за фотографија.

Боро Рудиќ е еден од најпознатите македонски фотографи, автор е на 20-тина самостојни и учесник на повеќе од 250 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на повеќе од 60 награди. Тој е носител на највисокото фотографско звање, Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“