Отворање изложба „Стоп на теророт“ во Музејот на Град Скопје

Од:

Во рамки на манифестацијата за одбележувањето на 110 години од трагедијата во селото Загоричани (1905 – 2015), вечер во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена втората меморијална ликовна изложба „Стоп на теророт“. Воедно ќе биде промовирана и книгата „Зверствата во село Загоричани“ од Гр. Попанастасов.

На изложбата ќе бидат презентирани 52 дела со различни ликовни естетски определби, од 38 академски ликовни уметници припадници на различни генерации и преокупации кои со своите дела прикажуваат дел од своето најново творештво.

Манифестацијата е во организација на Родокрајното здружение Загоричани, Книгоиздателството Матица Македонска и Сојузот на македонците од Егејот Македон – Скопје, со поддршка од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“