„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Од:

Галеријата Остен, организатор на Светската галерија на карикатура и на Светската галерија на цртеж оваа година слави 75 години постоење, но поради пандемјата јубилејот нема да го одбележи со доделување награди на изложба со дела од манифестациите што ги организира и во присуство на уметници од светот.

-Но вирусот, сепак, не можеше да не спречи карикатуристите и уметниците да ги донесовме тука – преку нивните дела, наведува Остен, информирајќи дека дела од селектирани автори се претставени од 1 до 10 октомври на изложби во Чифте амам и во Галерија Остен.

Во Чифте амам е поставена изложба на слики, цртежи и графики на повеќе од 200 уметници од целиот свет. Од Биеналето на цртеж Скопје 2020 се селектирани делата на Илја и Емилија Кабаков – Гран-при за животно дело и на Оскар Кокошка – награда Светско културно наследство.

Од Остен Биеналето на наградени автори Скопје/Охрид 2019-2020 претставен е авторот Мати Грунберг од Израел, добитник на Гран-при.

Во Галеријата Остен е отворена изложба на карикатури и графички дизајн. Од 52. Светска галерија на карикатури Скопје 2020 се претставени дела од Михаил Златковски од Русија – Гран-при, Октај Бингол од Туриција – прва награда и Владимир Казаневски од Украина – втора награда.

Изложбите може да се посетат од 1 до 10 октомври во Чифте амам секој ден (освен понеделник) од 10 до 18 часот, а во Галерија Остен секој ден (освен недела) од 10 до 17 часот.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Ана Ололовска

Завршува „Остен биеналето на наградени автори 2019“ во Охрид

Ана Ололовска

Изложба на наградените карикатури на „Остен“ во изминатите 50 години

Ана Ололовска