Од 28 август – 8 септември 2017 во хотел Аполонија, Гевгелија, се одржа главната активност на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2017 – програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН, во која учествуваат 14 уметници од 8 земји во светот. На крајот беа доделени наградите на уметниците. Гран прито го однесе Елпида Хаџи- Василева од Обединетото Кралство, а посебно Гран при доби Васил Василев од Македонија.
Во соработка со фондацијата Аполонија од Гевгелија беше доделена награда „Аполонија“ на македонскиот уметник Невзат Бејтули Кица, додека во соработка со Светската асоцијација за визуелни уметници на Атанас Атанасоски му беше доделена наградата за Балкански уметник, а на Кристина Ѕани од Грција, Тијана Којиќ од Србија и на Трајана Панајотова од Бугарија, за Млад Балкански уметник.
Наградите Златен Остен заминаа кај Милан Андов и Марија Светиева од Македонија и кај српскиот автор Јошкин Шиљан, додека за абмасадори на Остен беа прогласени Јоан Белмар од САД, Ген Моримото од Јапонија и Камелија Отеро од Франција. Мице Јанкуловски од Македонија беше специјален гостин на манифестацијата.
Остен Биеналето на наградени автори е дел од Светската галерија на цртеж. Се одржува во непарните години – биенална меѓународна манифестација каде централен настан е Програмата за престој на уметници Златен Остен, изложбата на дела продуцирани во рамките на Програмата и објавување на наградите. Тука учествуваат наградени уметници од ОСТЕН Биеналето на цртежи и Остенови уметници на годината, а наградите се дефинираат со воспоставен систем на гласање.
Веќе традиционално, Остен биеналето на наградени автори се одржува во соработка со Фондацијата Аполонија. Делата кои се продуцираат за време на престојот на уметниците во Македонија, како и делата од наградените автори на секое издание на манифестациите ќе бидат дел од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж, прв ваков евидентиран музеј во светот.
Документираната збирка со над 10.000 уметнчки дела од над 2400 автори од 80 земји во светот е најголемото досегашно достигнување на ОСТЕН уметност на хартија. Гостите на свеченото доделување на наградите имаа прилика.