„Остани во чекор“ со „Танец“

Од:

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ поради состојбата со коронавирус ќе им овозможи на љубителите на македонскиот музичко-сценски фолклор секоја сабота, почнувајќи од 21 овој месец, на јутјуб каналот на оваа национална установа да ги следат сите концерти од минатогодишната јубилејна сезона што се одвиваше под мотото „Остани во чекор“.

Серијата концерти одржани во 2019 година, во знакот на 70-годишнината од основањето на Ансамблот, беа снимени во рамки на посебен проект, кој НУ „Танец“ лани го стартуваше како дел од новата стратегија за заштита на културното и нематеријалното богатство.

Овие концерти (Велигденскиот и Јубилејниот концерт во МОБ, Новогодишниот концерт во МНТ, концертите во Струмица, Прилеп, Охрид, Велес и Битола, како и два концерти од минатогодишните гостувања на Ансамблот во странство) се во трајна сопственост на институцијата и тие се достапни за сите оние медиуми што ќе имаат интерес да ги емитуваат.

Првиот концерт што ќе биде емитуван оваа сабота е јубилејниот концерт „70 години – Остани во чекор“ одржан на 25 јуни во Националната опера и балет, а тој како и сите следни концерти ќе биде достапен за еднонеделно гледање.

Граѓаните најавите за сите следни концерти редовно ќе ги добива на фејсбук страницата на институцијата.

-За да бидете во чекор со „Танец“, а притоа и да бидете дома, не се потребни никакви посебни дополнителни помагала, освен вашите компјутери, таблети или паметни телефони, соопшти „Танец“.

Концертите ќе можат да се гледаат на следниве линкови: https://www.youtube.com/channel/UC3RSpwgA5a5dW-YaQz8Z6xg https://www.facebook.com/www.tanec.com.mk/ 

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска