Осмо издание на манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце

Од:

Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце традиционално осми пат ја реализираше манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2021 година. Се одржа во дворот на црквата Св. Димитриј во тетовско Теарце каде започна дефилето на учесниците по улиците, а продолжи со целовечерен концерт.

– Горди сме како КУД „Кирил Пејчиновиќ“– Теарце, што и во услови на пандемија успеваме да го одржиме фолклорот во рестриктивни услови и да го зачуваме кај младите од Теарце. Предизвиците во вакво време беа големи, но среќни сме што успеавме концертот успешно да се реализира. Впрочем младите од Теарце и околината се желни за продолжување на фолклорната традициција и се покажа дека ништо не може да ги спречи кога е во прашање желбата и волјата за фолклорот и традицијата која е врежена во нив уште од најмала возраст, изјави Сашо Костадиновски етнокореолог во КУД „Кирил Пејчиновиќ“ Теарце.

На манифестацијата настапија играорците и другите секции при КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, како и гостите: Ансамбл „Етнос“, Ансамбл „Ѓорче Петров“, ВИС „Аманет“, музичка група “Ќустек”, Дарко Гавровски – Гавро.

-Членовите на КУД „Кирил Пејчиновиќ“ се претставија со песните Садило моме, Море ми станала бела Фата, Распукала Шар Планина, Прстен ми падна мале (машка пеачка група), песните Китче ми падна бре величе, Море чичо рече да ме жени, Мори Јаглико, Огреала месечина ој бабо, Отишло је малој моме, Ка ми испадна мома Катина, Нашето село рано вечерало, (женска пеачка група). Од гостите женска пеачка група Ансамбл „Етнос“ со песните – Лудо ми тера три коњи, Ајде поминувам заминувам, Излегу да се рашета, машка пеачка група „Ѓорче Петров“ со песните Не пиј Недо, Леле Лено, потоа ВИС „Аманет“ со Велигденско оро, Овчеполско оро, Овчеполска потрчулка, Црногорско оро, истакна Костадиновски.

Манифестацијата се реализира според препораките и протоколите за заштита од КОВИД-19 со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, како дел од Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес од сферата на фолклорот.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска