„Ослободување на Скопје“ – македонски кандидат за Оскар

Од:

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило Шербеџија е избран за македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

Филмот бил избран со мнозинство гласови од Комисијата за избор, во состав: Лабина Митевска (претседател), Наум Доксевски, Дејан Дуковски, Петар Богоевски, Роберт Јазаџиски, Мето Јоваовски и Игор Василев-Новоградска (членови).

„Ослободување на Скопје“ премиерно беше прикажан на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола на 10 септември и веќе се прикажува во киното Синеплекс во Скопје.

Неговата официјална премиера ќе биде одржана на 1 октомври во киното Милениум.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“