„Ослободување на Скопје“ ќе почне да се снима во Велес

Од:

Снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ кој ќе го режира познатиот актер Раде Шербеџија ќе почне во Велес на 31 октомври.

За потребите на филмот Шербеџија ќе бара статисти од сите генерации. Аудицијата во Велес ќе се одржи на 18 октомври во театарот „Јордан Хаџи-Константинов-Џинот“ од 12 до 20 часот. Претходно, на 16-ти и 17 октомври од 12 до 20 часот аудиција за статисти ќе има во Скопје, во Младинскиот културен центар, а на 19 октомври во истиот период во просториите на Домот на културата-Битола.

– Имаме потреба од многу статисти, мажи, жени и деца. Ќе снимаме трка на германски и бугарски чамци, а на трибините ќе стојат гости, па ќе ни требаат доста статисти, изјави за медиумите Раде Шербеџија, кој синоќа беше гостин во Велес. Откри дека првиот кадар ќе се снима на реката Вардар помеѓу Мало мовче и Стар мост во Велес.

Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев рече дека за време на снимањето на првите сцени сообраќајот во близина на двата моста ќе биде пренасочен.

Шербеџија ќе го снима филмот заедно со неговиот син Данило, а  исто така и ќе глуми во него. Музиката за филмот ќе биде на Влатко Стефановски.

Раде Шербеџија синоќа беше гостин на манифестацијата „Питијада 2014“ Изјави дека  обожава розе вино, но најмногу од се, како што рече, сака жолта ракија.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата