Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе организира омаж за истакнатите македонски писатели Видое Подгорец и Љубен Ташковски.
Повод за организирањето на омажот е 80-годишнината од раѓањето на Видое Подгорец и 20-годишнината од смртта на Љубен Ташковски.
За животниот и творечки пат на Видое Подгорец ќе зборуваат Стојан Тарапуза, Александар Поповски, Киро Донев и Перо Миленкоски, а сеќавања за Љубен Ташковски ќе евоцираат Михаил Ренџов, Данило Коцевски и Санде Сточевски. Стихови од Подгорец и Ташковски ќе чита Александра Велинова.