Олга Попоска (77), прва василичарска кума на МОБ

Од:

Олга Попоска (77), која престојува во Домот за стари лица „Резиденција Дабески”, е овогодинашна кума на Македонската опера и балет. Таа на вчерашниот концерт по повод празникот Василица, кој традиционално се одржува во МОБ, имаше најмногу среќа да го земе лепчето со паричка.

Попоска зела две лепчиња, едно за цимерката во домот Дабески, која не била во можност да дојде на концертот, и едно за себе. Имала чувство дека во едно од двете лепчиња има паричка и среќата ја споделила најпрво со цимерката, а утрово и со сите во Домот.

Како награда од МОБ, Попоска ќе добие бесплатни билети за целата сезона на МОБ.

Оваа споделување на лепчиња во кои едно од нив има паричка претставува новина во МОБ, со најава дека ќе прерасне во традиција.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска