Охридскиот тетар со „Детектор за лаги“ ќе гостува во Велес и Скопје

Од:

Охридскиот театар со хит-претставата „Детектор за лаги“ задутре гостува во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, во рамките на манифестацијата „Велес град на културата 2015“.

Неколку дена подоцна, на 9 април, претставата ќе биде изведена и на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

Претставата е приказна за двајца сопружници со нарушени брачни односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска