Охридскиот театар ќе ја одигра „Ај да си речиме уште една“ пред струшката публика

Од:

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечерва со почеток во 20 часот ќе биде прикажана театарската претстава „Ај да си речиме уште една“ во изведба на Охридскиот народен театар.

Претставата изобилува со многу комични елементи, со стари народни песни кои и се познати на пошироката јавност и кои ќе се изведуваат во живо. Режијата е на Андреј Цветановски, а улогите ги играат Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ, Стрезо Стаматоски, Ивица Цонев, Игор Георгиев и Билјана Билаловиќ.

Според раководителот на театарот Горан Стојаноски, со гостувањето се создаваат одлични услови за плодна соработка помеѓу професионалните охридски актери и аматерската група од Струга.

– Со оглед на тоа што во речиси две години, театарот направи репертоар од осум премиери и речиси сто одиграни претстави, сметавме дека е поволно да започнеме соработка заради културен развој на регионот и тоа  да прерасне во една нова традиција. Професионалните актери се лица со завршена академија и остручени за тоа, а аматерите-актери, со сета почит кон нив, тоа го прават со огромна љубов, вели Стојаноски.

Комедијата „Ај да си речиме уште една“ досега повеќепати беше изведувана пред охриѓани, и според  Драгана Боцеска, директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во чии рамки работи Охридскиот театар, предизвикува огромен интерес кај публиката.

– Со ова започнуваме една традиционална соработка, која верувам дека ќе продолжи и во иднина. Се надеваме на гостувања на нашиот театар  во Струга и во наредниот период со повеќе од една претстава. Комедијата беше одлично прифатена кај охриѓани, така што очекувам дека во неа ќе ужива и струшката публика, вели Боцеска.

Прикажувањето на драмата не е прв заеднички проект на двете национални установи од областа на културата. Со меѓусебна соработка, во текот на изминатиот период беа организирани концерти, уметнички изложби и слични проекти.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска